10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАWSJ: Facebook ќе биде казнет со пет милијарди долари

WSJ: Facebook ќе биде казнет со пет милијарди долари

Како што се наведува, истрагата покажала дека социјалната мрежа не ја заштитила приватноста на милиони нејзини корисници.

Американските регулатори ќе го казнат Facebook со пет милијарди долари откако истрагата покажала дека оваа социјална мрежа не ја заштитила приватноста на милиони корисници, објави Wall Street Journal.

Членовите на комисијата на Федералната комисија за трговија (FTC) гласале три спрема еден во корист за мерката која би била вклучена во судската спогодба со Facebook, објави весникот, повикувајќи се на извори запознаени со тој случај.

Во извештајот на Wall Street Journal не е наведено колку долго треба договорот да се финализира и спроведе.

Пристап до податоци на 87 милиони корисници

Истрагата за Facebook беше објавена минатата година откако беше откриено дека Cambridge Analytica, британска консултантска фирма која работела за кампањата на Доналд Трамп на изборите во 2016 година, имала пристап до лични податоци на 87 милиони корисници на социјалната мрежа.

FTC и Facebook одбија да коментираат за извештајот, но социјалната мрежа во редовниот квартален финансиски извештај објави дека поради скандалот се очекува загуба од пет милијарди долари.

Сега тоа решение треба да го одобри Министреството за правда на САД , но тоа обично не ја менува одлуката на FTC, објави WSJ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП