30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMej: Заминувам со чувство на гордост, но и разочарување

Mej: Заминувам со чувство на гордост, но и разочарување

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека од функцијата заминува со измешани чувства на гордост и разочарување бидејќи не успеала да го исполни ветувањето дека земјата ќе ја изнесе од ЕУ и дека ќе ги искорени поделбите.

Меј истакна дека ја потценила опозицијата во парламентот: “Мислам дека тоа ќе биде мешавина на гордост што ја извршував работата, но и одреден степен на разочарување бидејќи сакав повеќе да направам. Имаше моменти кога сакав да отидеме понатаму со Брегзит и да го постигневме тоа”, изјави Меј и додала дека мисли дека британскиот парламент ќе постигне договор за Брегзит.

Таа нагласи дека го потценила недостатокот на желба на пратениците да го исполнат она што го сакал британскиот народ на референдумот за Брегзит. Меј додаде дека главните кандидати за нејзиниот наследник на функцијата премиер и лидер на Конзервативната партија, Борис Џонсон и Џереми Хант, да ја сфатат одговорноста на таа работа, но дека нема да поддржи ниту еден од нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП