27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да бидете попаметни?

Како да бидете попаметни?

Се разбира, ова не може секогаш и насекаде да се применува, но во некои ситуации можеме да бидеме попаметни. Макар и малку.

Колку пати сте се “гризнале за јазик” откако нешто сте кажале? Дури и ако сте кажале нешто што е, без дилема точно или вистинито, но предизвикало лоша реакција во околината и на крајот сè се ”срушило” на вашиот грб?!

Секој од нас некогаш бил во таква ситуација, а нас сè ова не потсети на еден цитат што го прочитавме.

“Да се биде паметен значи да се разликуваат вистините кои треба да се кажат од оние кои треба да се премолчат”.

И навистина, понекогаш се најпаметни оние кои нешто премолчеле. Или барем поминале подобро во животот…

Веројатно не е прв кој го забележал ова, но овој цитат се припишува на Антоан де Ривалоу (1753-1801), француски писател и предавач од времето на познатата револуција во таа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП