19 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИErste Group собра 660 милиони евра

Erste Group собра 660 милиони евра

Bankenlogos, ERSTE Bank Photo: Michaela Bruckberger

Австриската „Erste Group“ во две фази на докапитализација собра вкупно 660 милиони евра, со намера да ја врати државната помош и подготви биланс за построги регулаторни барања.

Овој трет по големина кредитор во Централана и Источна Европа најави докапитализација минатата недела, потенцирајќи дека парите, меѓу останатото, ќе ги искористи и за враќање на вкупно 1,76 милијарди евра добиени во 2009 година, во време на финансиската криза.

Од тој износ две третини инвестираше државата, а останатото приватните инвеститори. Банката за приватната понуда одреди цена на новите акции од 18,75 евра и во забрзана постапка собра вкупно 660,6 милиони евра, пренесува агенцијата Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП