29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканскиот економски балон поголем отколку пред економската криза

Американскиот економски балон поголем отколку пред економската криза

Американскиот економски балон е поголем отколку пред кризата во 2008 година, вели економистот и инвеститор Питер Шиф.

Тоа што го прави FED, која се потпира на намалување на каматните стапки, покажува дека се обидува да спречи излегување на воздухот од меурот на берзата, изјави Питер Шиф, извршен директор на Euro Pacific Capital. Тој изјави дека САД тоне во рецесија без оглед на тоа што прави FED со каматите.

– Ова не е добра економија, ова е балон. Се чини дека Пауел (претседателот на Федералните резерви) тоа не го разбира. Тој мисли дека економијата добро работи, но не работи.

“Економијата сега е во полоша состојба отколку што беше пред падот во 2008 година”, изјави Шиф.

Тој објасни дека FED овој пат надувал многу поголем балон отколку што било со случајот од последниот пад.

”Колку подолго ја шутираме лименката по пат, тоа ќе биде поголем хаос кога на крајот ќе експлодира. Така и овде. Волкава нерамнотежа само ќе доведе до пукање на меури чии размери сите ќе ги почувствуваме”, изјавил Шиф, кој ја предвидел финансиската криза во 2008 година.

Сега вели дека претстојната рецесија ќе биде инфлаторна.

Според неговите зборови, стапките на инфлација ќе бидат многу повисоки отколку што биле во седумдесеттите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП