29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо 2018 година во светот имало 22,1 милион милионери

Во 2018 година во светот имало 22,1 милион милионери

Извештајот на Boston Consulting Group (BCG) покажува дека во 2018 година во светот имало 22,1 милион милионери, а бројот се зголемил за 2,1 процент во споредба со 2017 година.

Милионерите заедно поседуваат 50 отсто од вкупните лични финансиски средства во светот, според извештајот под наслов „Global Wealth 2019: Reigniting Radical Growth“.

Повеќето милионери се во Северна Америка, а предвидувањата покажуваат дека меѓу 2018 и 2023 година тие ќе растат најмногу во Азија, без Јапонија, за 10,1 отсто. Следи Африка (9,8 проценти) и Латинска Америка (9,1 проценти).

До 2023 година, вкупниот број на милионери во светот треба да достигне 27,6 милиони.

19-тото годишното истражување на BCG за глобалната индустрија и управување со богатството вклучува проценка на големината на пазарот за 97 пазари, кои заедно сочинуваат 98 проценти од светскиот бруто-домашен производ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП