18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕксперт за читање од уста откри што повторувала Меркел за време на...

Експерт за читање од уста откри што повторувала Меркел за време на нападот на тресење(видео)

Германската канцеларка Ангела Меркел за време на нападот на тресење ја повторувала фразата „ќе успеам, ќе успеам”, вели Јудит Хартер, експерт во областа на читање од уста.

Според локацијата на Антена Баерн радио, експертот е сигурен дека Меркел постојано ги повторувала овие зборови. Фразата потсетува на изјавата на канцеларката во 2015 година за кризата со мигрантите.

Меркел, зборувајќи за бранот бегалци, тогаш рече: „Ќе успееме да се справиме со тоа”.

Во средата, Меркел беше видена трет пат како се тресе за време на посетата на финскиот премиер.

Иако Меркел инсистира дека се чувствува добро, ЦДУ веќе дискутира за тоа дека треба да ја „предаде штафетата“ на нејзината наследничка Анегрет Крамп Каренбауер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП