20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали знаете како настанал банкоматот?

Дали знаете како настанал банкоматот?

Банкомат, машина без која повеќето од нас не може да го “истуркаат” месецот, ја прослави својата 52-годишнина во јуни оваа година, на денот кога првиот таков уред бил поставен во 1967 година во банка во северен Лондон.

Иако за пронаоѓач на банкоматот се смета Џон Шепард-Барон, првиот на кого му паднало на памет да земе пари од неговата сметка со помош на машина, всушност бил Лутер Џорџ Симјиан, американски пронаоѓач со ерменско потекло, и тоа во 1939 година.

Неговата идеја ја воодушевил банката Citygroup, која ја понудила услугата на нивните клиенти. Меѓутоа, само по неколку месеци, банката објавила дека го прекинува проектот поради недостаток на интерес.

Потоа долго време никој не бил заинтересиран за развој на уредот, а дури речиси 30 години подоцна (1967) банката Barcleys во Лондон поставила банкомат, кој бил почеток на развојот и ширење на банкомати низ целиот свет.

Тој прв уред за пари имал еден недостаток – имено, користел еднократни картички со единствен износ од десет фунти.

Можноста која банкоматите ја подигнале на едно ниво погоре била воведена една година подоцна, а за тоа е задолжен Доналд Ветцел од Далас. Тој им овозможил на луѓето да користат банкомат за основна функција – да подигнат било кој износ, под услов да го имаат на сметката.

Некои од првите банкомати не ја враќале  картичката на корисникот веднаш, туку тие морале да одат во најблиската експозитура.

Занимливости

Денес во светот постојат околу три милиони банкомати, а се предвидува дека до 2020 година тие ќе бидат милион повеќе.

Најголем број на банкомати на милион жители во регионот на Западна Европа има Португалија – 1.540.

Велика Британија има 1.074, а европскиот просек е 960.

Најмал број банкомати на милион жители во Европа има Шведска, само 333.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП