26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ја замрзнува соработката со Турција поради нелегалното дупчење под морето

ЕУ ја замрзнува соработката со Турција поради нелегалното дупчење под морето

ЕУ на одредено време ќе ги суспендира разговорите на високо ниво со Анкара, поради “нелегално” дупчење на морското дно во потрага за гас и нафта во близина на брегот на Кипар.

Исто така ќе ги прекине и преговорите за договор за воздушниот сообраќај, а ќе се замрзнат и финансиските средства наменети за Турција за следната година.

Така се наведува во нацрт изјавата во која Reuters имал пристап и додава дека околу заедничката одлука на ЕУ, чија конечна верзија може да биде во меѓувреме изменета, денес разговараат делегати од земјите членки на Унијата на состанокот во Брисел, со оглед изјавата да биде донесена во понеделник кога ќе се состанат министрите за надворешни работи на земјите од европскиот блок.

“Во контекст на континуираните и новите нелегални активности на Турција во врска со дупчењето, ЕУ да ги прекине преговорите за сеопфатен договор за воздушниот сообраќај и се согласија да не се одржуваат понатамошни состаноци на високо ниво”, се вели во соопштението.

Во него и понатаму стои дека “Советот (ЕУ) го поддржува предлогот на Европската комисија за намалување на претпристапната помош за Турција за 2020 година и ја повикува Европската инвестициска банка повторно да го преиспита доделување на кредити за Турција, пред се кога станува збор за задолжување на турската држава на пазарот на хартии од вредност”.

Исто така се наведува дека ЕУ ќе биде подготвена на воведување уште порестриктивни мерки ако Турција продолжи со дупчењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП