17 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова трговска војна: Трамп бара истрага на францускиот данок за технолошките фирми

Нова трговска војна: Трамп бара истрага на францускиот данок за технолошките фирми

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди истрага по повод планираниот данок на Франција за технолошки компании.

Тоа е, според проценката на Агенцијата Reuters, потег кој би можел да резултира со воведување на нови тарифи или други трговски ограничувања на САД.

“Соединетите Држави се многу загрижени поради тоа што данокот на дигитални услуги, за кој се очекува да биде донесен во францускиот Сенат, неправедно се фокусираше на американските компании”, изјави американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер во соопштението во кој најавил истрага, објави британската агенција.

Овој потег му дава на Лајтизер до една година време за истрага во контекст кој би требало да биде утврдено дали францускиот план за оданочување на дигитални услуги ќе им наштети на американските технолошки компании и дали претставува неправедна трговската практика.

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјавил во март дека данокот од три проценти на приходите кои големите интернет компании го оствариле во Франција може да му донесат на официјален Париз 500 милиони евра годишно.

Во соопштението на Канцеларијата на трговски претставник на САД се наведува дека станува збор за одданочување на услугите”, во кои американските компании се глобални лидери, а дека структурата на предложениот нов данок, како и изјавите на функционерите укажуваат на тоа дека Франција неправедно насочува данок на одредени американски технолошки компании”.

Ле Мер претходно изјавил дека на удар на данок ќе се најдат 30 компании, главно американски, но и кинески, германски, шпански и британски, како и една француската фирма и неколку компании со француски корени кои се купени од странски компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП