28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали Владимир Путин е еден од најбогатите луѓе во светот?

Дали Владимир Путин е еден од најбогатите луѓе во светот?

Рускиот претседател Владимир Путин е можеби еден од најбогатите луѓе во светот, но тоа го крие, вели новинарот и писател Лук Хардинг. 

Проблемот е што во Русија е табу било каков разговор на тема Путин и неговите пари.

Овој поранешен новинар на Guardian се занимавал со оваа тема во книгата Завера: Тајни состаноци, валкани пари и како Русија му помогна на Трамп да победи.

Се базира на информации добиени од извори од администрацијата на рускиот претседател.

“Тие рекоа дека мислат дека богатството на Путин вреди околу 40 милијарди долари, а тоа беше пред десет години”, изјави Хардинг за Business Insider.

Во Русија, како што тврди, на дело е клептократија, која му оди во прилог. Тоа е форма на политичка и државна корупција во која државата и владата постојат за да го зголемат личното богатство и политичка моќ на нивните лидери и владејачката класа на штета на народот.

“Тие се исто така најголеми производители на нафта, а повеќето од луѓето во врвот на руската држава се мултимилионери. Путин е врвот на таа пирамида, иако официјално неговата плата е 100.000 долари годишно”.

Рускиот претседател, наводно, контролира 37 проценти од руската нафтена компанија Surgutneftegas, тој исто така има акции во компанијата за тргување со разни стоки Gunvor…

Проценките се дека во 2012 година неговото богатство се зголемило на 70 милијарди долари.

“Целата руска елита знае дека тој е “најбогат човек во градот”, но убавината на нивниот систем е дека формално ништо од тоа не му припаѓа на него, туку на претставниците, од кои некои се под американски санкции”, изјави Хардинг.

Парите се дел од моќта, додава тој, а моќта е тоа што Путин го интересира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП