28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретседателот на FED загрижен поради криптовалутата на Facebook

Претседателот на FED загрижен поради криптовалутата на Facebook

Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел, вели дека најавената нова дигитална валута на Facebook, Libra, “предизвикува сериозна загриженост” и дека ќе биде под строга контрола, како под американските, така и од финансиските регулатори во странство.

Пауел, за време на обраќањето во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, изјави дека Libra може да биде користена за перење пари и финансирање на тероризам и дека може дури и да ја загрози финансиската стабилност имајќи предвид дека огромната база на корисници на Facebook може да резултира со широко прифаќање на криптовалутата, објави AP.

“Активностите за решавање на овие проблеми треба да бидат трпеливи и разумни”, истакнал Пауел.

Пауел исто така порача дека FED по ова прашање е во координација со другите финансиски регулатори, како што се американското Министерство за финансии и другите централни банки во странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП