21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадежниците ќе работат, но не и во Европа

Градежниците ќе работат, но не и во Европа

gradeznici1

Градежниот сектор до 2025 година ќе се зголеми на 6,3 милијарди долари, воден од економскиот бум во азиските земји, се вели во извештајот на „Глобалното градежништво 2025“

Две третини од светскиот градежен сектор ќе работи во Кина, Индија и САД, но голем дел од градежниците ќе се фокусираат и на азиската нова надеж како што се Виетнам, Индонезија и Филипините, кои аналитичарите ги нарекуваат „азиски тигри“.

Од овие земји најдинамична е економијата на Индонезија, во која во наредните 12 години градежниот сектор ќе се зголеми во просек за 6 проценти на годишно ниво. Во Виетнам и Филипини овој раст ќе изнесува околу 5 проценти.

Спротивно на тоа, европскиот градежен сектор ќе биде помал за 5 проценти во споредба со 2007 година, пред избивањето на кризата. Исклучот е само Велика Британија, чиј градежен сектор ќе расте двојно побрзо во споредба со останатите европски земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП