Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,275.91 1.05%    ELEKTKU1 25.00 0%    ERMT 177.00 -10.15%    GRNT 943.18 0.04%    KMB 5,565.98 0.33%    MTUR 5,250.10 -0.94%    OKTA 4,507.62 -0.05%    PKB 11,800.00 7.27%    RMDEN17 99.00 1.02%    RMDEN18 98.60 -0.1%    RZLIPTE1 25.00 0%    RZUG 12.00 0%    STB 1,201.67 0.14%    TTK 1,448.32 -2.14%    

По 10 години, Коко се враќа во Зоолошката во Скопје

Време: 12:34

Датум: јули 10, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

По 10 години поминати во Холандија, шимпанзото Коко се враќа во скопската зоолошка градина. Коко од 2009 година беше на ресоцијализација поради анксиозност и депресија.

„Во 2009 година, Коко беше единствено шимпанзо во Скопје Зоо, во тинејџерски години кога најмногу му треба друштво и љубов. Поради тоа што покажуваше знаци на анксиозност, но и поради несоодветното живеалиште, Зоолошка градина Скопје, заедно со неколку новинари во тоа време покрена иницијатива преку ЕАЗА, Коко да биде испратен на ресоцијализација. AAP Stichting, една од најдобрите светски организации за ресоцијализација и спасување на животни, веднаш ги отвори вратите за наш Коко. Таму во текот на годините, стекна многу нови другари и меѓу вработените и меѓу шимпанзата“, велат од ЗОО-Скопје.

Ова прифатилиште спасува огромен број на животни од целиот свет и невозможно е сите да ги задржи таму долг временски период. Затоа се борат за секое рехабилитирано и ресоцијализирано животно да најдат соодветен дом, со постојани проверки и контрола на квалитетот и условите за живот.

Од ЗОО-Скопје велат дека Коко и тројцата другари Мими, Роси и Хјасл ќе живеат во огромно живеалиште според светски стандарди, какво што бараат светските организации за заштита на животните. Има двоспратен внатрешен дел, со додатни простории за одмор, преглед и карантин. Надворешниот дел пак е збогатен со голем број реквизити, но е и одалечен од публика, со цел шимпанзата да го имаат својот мир и да не бидат вознемирувани од посетители. Живеалиштето се градело долго време, бидејќи за чување шимпанзо има многу посебни услови и критериуми кои треба да се исполнат.

Шимпанзата спаѓаат во редот на човеколики мајмуни и се најблиску до човечккиот род. Тие се многу интелигентни и емотивни животни и најчесто живеат во мали групи. Мими, Роси, Коко и Хјасл се група која одлично се сложува и во Скопје ЗОО ќе добијат услови и љубов какви што заслужуваат. Приказните на Мими, Роси и Хјасл се премногу тажни, но благодарение на AAP, овие храбри шимпанза добија нова шанса за живот. Во светот пред само 5-10 години живееа околу 1 000 000 шимпанза. Но, застрашувачки е фактот дека за толку кратко време се останати само 150 000 шимпанза и станаа загрозен вид. Особено се убивани во дивината, а малите бебиња земани за лабараториски експерименти, што е поразително и бескрајно сурово.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Со „мерцедес“ влетал во „Трамп плаза“ и седнал на софата

    Со „мерцедес“ влетал во „Трамп плаза“ и седнал на софата

    Црн „мерцедес бенз“ влетал во лобито на „Трамп плаза“ во њујоршкото предградие Њу Рошел, при што полесно се повредени двајца минувачи и возачот, пренесува „Њујорк…

  • Индија целосно ги забрани електронските цигари

    Индија целосно ги забрани електронските цигари

    Индија воведе забрана за електронски цигари, изјави денес Нирмала Ситарман, министер за финансии на таа земја. Забраната вклучува „производство, увоз/извоз, транспорт, продажба, дистрибуција, складирање и…

  • Сугарески: Се гради нов водовод во Радовиш, ќе нема рестрикции на вода

    Сугарески: Се гради нов водовод во Радовиш, ќе нема рестрикции на вода

    Со проектот за изградба на цевковод и резервоари за вода во неколку населени места во општина Радовиш ќе обезбедиме навремена и постојана дистрибуција на вода…

  • Протест на здравствените работници: Насилството не е решение за проблемите

    Протест на здравствените работници: Насилството не е решение за проблемите

    Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“ денеска претпладне во кругот на Клиничкиот центар се одржа протест во организација на Асоцијацијата на специјализанти и…

  • Европскиот парламент ја поддржа Кристин Лагард за местото претседател на ЕЦБ

    Европскиот парламент ја поддржа Кристин Лагард за местото претседател на ЕЦБ

    Европскиот парламент ја поддржа Кристин Лагард за идна претседателка на Европската централна банка (ECB), која ќе биде првата жена на оваа позиција. На пленарната седница…

  • Зошто туристите од Кина се повеќе се свртуваат кон Европа

    Зошто туристите од Кина се повеќе се свртуваат кон Европа

    Кинезите се помалку патуваат во Соединетите Американски Држави, а тензиите помеѓу Пекинг и Вашингтон се само една од причините зошто кинеските патници сè повеќе се…

  • Светската економија тешка 86 илјади милијарди претставена во еден чарт

    Светската економија тешка 86 илјади милијарди претставена во еден чарт

    Светската економија е во бескрајна состојба на флуктуација. Купувањето намирници оваа недела или полнењето на вашиот автомобил со гориво може да изгледа како грешка при…

  • BBC: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

    BBC: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

    Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз саудиските нафтени постројки за кои…

  • Јункер: Реална опасност од Брегзит без договор

    Јункер: Реална опасност од Брегзит без договор

    Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави денеска дека ризикот Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор за излез и понатаму останува „многу реален“.…

  • Македонска берза ги објави финансиските разултати на котираните друштва за првото полугодие

    Македонска берза ги објави финансиските разултати на котираните друштва за првото полугодие

    Македонска берза на официјалниот сајт го објави прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за периодот 01.01-30.06.2019 година. Од вкупно 101 компанија, 73 завршиле со…