17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган: Ни треба реформа на централната банка, инаку сме во проблем

Ердоган: Ни треба реформа на централната банка, инаку сме во проблем

Турскиот претседател Таип Ердоган смета дека земјата може да се соочи со сериозни проблеми доколку не се спроведе сеопфатна реформа на централната банка.

Ердоган изјави дека неодамна сменетиот гувернер Мурат Четинкај носел одлуки за кои е плаќана висока цена и дека не поттикнал доверба, ниту добро комуницирал со пазарот.

“Централна банка е најважниот елемент, столбот на финансискиот систем во економијата. Ако не ја реформираме во целост, ако не ја поставиме на цврсти темели, можеби ќе се соочиме со сериозни животни проблеми”, изјави Ердоган и истакнал:

“Toa што е најважно, тој не поттикнуваше доверба на пазарот. Неговата комуникација со пазарот не беше добра”.

Со претседателски декрет објавен во Службениот весник на Турција минатата сабота, Четинкај, чиј четиригодишен мандат требаше да трае до 2020 година, разрешен е од должноста гувернер на централна банка, а на таа функција е именуван неговиот заменик Мурат Ујсал.

Ердоган во повеќе наврати го критикуваше поранешниот гувернер поради високите каматни стапки и често повикуваше на намалување на каматата за да ја активира економијата која сега поминува низ рецесија. Лирата, која по смената на гувернерот падна, остана стабилна на 5.73 лири спрема доларот по најновите коментари на Ердоган.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП