
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека индиските тарифи се неприфатливи за американските производи.


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека индиските тарифи се неприфатливи за американските производи.
“Индија веќе предолго користи тарифи за американските производи. Тоа веќе е неприфатливо”, напиша Трамп на Твитер.
Индија неодамна воведе повисоки царини на 28 американски производи, откако САД го укинаа бесцаринскиот третман за голем број индиски производи. Официјален Вашингтон, исто така, е вознемирен поради плановите на Њу Делхи да го ограничи прекуграничниот проток на податоци и да воведе построги правила за електронската трговија кои можат да наштетат на американските компании кои работат во Индија.
Трамп на 5 јуни на Индија и го укина привилегираниот статус во трговијата, кој на таа земја и овозможи бесцарински извоз во вредност до 5,6 милијарди долари.