26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБидете внимателни: Oваа храна сите ја сакаме, а не сме свесни колку...

Бидете внимателни: Oваа храна сите ја сакаме, а не сме свесни колку лошо влијае на нашиот организам

Постојат многу видови на храна кои под одредени услови можат да бидат причина за главоболка.

Ако сте и вие меѓу оние кои често или барем понекогаш ги мачи мигрена сигурно ќе ве заинтересираат податоците на најновите истражувања.

Општо земено, најнегативно влијаат:

Сирења кои долго стојат и други намирници кои содржат тирамин: црвено вино и други алкохолни пијалоци, месни производи и друго.

Алкохол – протокот на крв во мозокот се зголемува додека пиете алкохол и тоа може да биде ,,активатор” за почеток на главоболка. Значи – црвено вино, пиво, виски и шампањ се, според експертите, најчести почетници на оваа досадна болест.

Додатоци во исхраната – разни адитиви. Адитивите на намирниците обезбедуваат подолга трајност и стабилност. Тие, сепак, можат да бидат причина за главоболки.

Ладни намирници – можеби не сте знаеле дека на некои луѓе ладната храна влијае неповолно, предизвикувајќи им главоболки.

Голема е веројатноста дека тоа ќе се случи ако вашето тело е веќе загреано, на пример со физичка активност или со надворешни високи температури. Болката тогаш се јавува во горната половина од главата и трае од неколку секунди до неколку минути. Истражувањата покажуваат дека повеќе од 90 проценти од луѓето кои страдаат од хронична мигрена имаат чувствителност кон сладолед и други студени супстанци.

Останати намирници кои предизвикуваат главоболка:

кикирики, путер од кикирики, ореви
пица
чипс
пилешки црн дроб
пушена риба
домашни крофни, колачи и леб
десерти кои содржат сирење
суво овошје
супа со месни адитиви
јогурт
кофеин кој го има во чоколадо, какао, кафе, чај
вештачки засладувачи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП