16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ќе ги игнорира санкциите и ќе ја продолжи трговијата со Техеран

Русија ќе ги игнорира санкциите и ќе ја продолжи трговијата со Техеран

Русија ќе ги игнорира санкциите на САД за Иран и ќе ја продолжи трговијата со Техеран без создавање било какви специјални механизми, изјавил постојаниот рускиот претставник во ЕУ, Владимир Чижов.

Тој за Sputnik изјавил дека колегите во Брисел понекогаш поставуваат прашања зошто Русија и Кина не создадат нивен трговски механизам, како што е Европскиот инструмент за подршка на трговските размени (Instex)

“Нашиот одговор е: Зошто ни е потребно? Веќе сме тргувале и ќе тргуваме без да обврнуваме внимание на американските санкции”, истакнал Чижов.

Финската влада вчера соопшти дека размислува за можноста да се приклучи на трговскиот систем Instex, чии клучни членки на ЕУ го основале за да ги избегнат санкциите на САД против Иран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП