24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево со мала до умерена облачност, температури до 36 степени

Сончево со мала до умерена облачност, температури до 36 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на град и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 26 до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на град и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса во среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни (над 30л/м2) во форма на невреме со појава на град и силен ветер. Заради северниот ветер ќе има пад на температурите за 6 до 8 степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП