20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемја од соништата: Високи плати и одличниот животен стандард ја прави најдоброто...

Земја од соништата: Високи плати и одличниот животен стандард ја прави најдоброто место за живеење

Швајцарија е прогласена за најдобро место за живеење и работа.

Така, оваа мала европска земја го симна Сингапур од првото место на листата на HSBC , кој ја носеше титулата најдобро место за живеење речиси пет години.

Висок животен стандард, конкурентни плати, како и стабилна политичка и економска слика на државата, во голема мера помогнаа да се искачи за седум места.

Од економската клима на земјата, задоволни се 80 проценти од испитаниците, додека дури 86 проценти изразија задоволство од политичката ситуација.

Околу 82 проценти од луѓето кои се преселија во Швајцарија поради работа, рекоа дека уживаат подобар животен стандард во споредба со нивната татковина.

Имено, дури седум од десет  кои се преселиле во Швајцарија, сега уживаат повисоко ниво на расположлив доход со годишна просечна плата од 111.587 долари – многу повеќе од глобалниот просек од 75.966 долари.

Во прилог на Швајцарија и Сингапур, на врвот на листата се сместија и Канада, Шпанија, Нов Зеланд, Австралија, Турција, Германија, Обединетите Арапски Емирати и Виетнам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП