10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Турција сменет гувернерот на Централна банка

Во Турција сменет гувернерот на Централна банка

Со претседателски декрет денес е сменет гувернерот на Централната банка во Турција, а на негово место е поставен неговиот заменик.

Во укажувањето се наведува дека Мурат Чентикај, кој во април 2016 година бил именуван за гувернер на Централна банка е заменет со Мурат Ујсал, кој до сега бил заменик на гувернерот. Во укажувањето не се прецизираат причините за смена.

До скоро кружеа гласини во економските и политичките кругови според кои постоеле несогласувања помеѓу Чентикај и турските власти поради потребата од ниски каматни стапки.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на неколку наврати изразил жалење поради високите каматни стапки повикувајќи да се намалат за да се засили економијата.

Централната банка во моментов ја постави основната стапка на 24 проценти.

Турската економија минува низ тежок период со инфлација од 15,72 проценти во јуни, додека во мај била уште поголема 18,71 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП