9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов земјотрес во Калифорнија од 7,1 степен, најсилен во последните 20 години(видео)

Нов земјотрес во Калифорнија од 7,1 степен, најсилен во последните 20 години(видео)

Земјотрес со јачина од 7,1 степен ја погоди пустинската област во јужна Калифорнија, а како што наведоа сеизмолозите, ова е најсилниот потрес во последните 20 години.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Риџкрест, на околу 240 километри од Лос Анџелес, на длабочина од околу 900 метри, пренесе „Би-би-си“.

Според последните податоци повредени се повеќе лица, а причинета е и материјална штета со оштетувања на неколку згради и патишта во овој дел од Калифорнија.

Од противпожарната бригада изјавија дека примиле повици за повеќе повредени лица, како и пожари, но засега не се познати повеќе детаљи.

Пред два дена Калифорнија ја погоди земјотрес од 6,4 степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП