10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп незадоволен: FED нема идеја!

Трамп незадоволен: FED нема идеја!

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш остро ги критикуваше Федералните резерви(ФЕД) поради зголемување на каматните стапки кога не треба.

Трамп изјави дека централната банка (FED) претставува најголем “проблем” на американската економија.

“Силен раст на вработувања, ниската инфлација, а другите земји ширум светот работат се за да ги искористат Соединетите Држави, знаејќи дека Федералните резерви немаат идеја! Ги зголемуваа каматните стапки, прерано, пречесто, и штедливо, додека другите работеа спротивно”, напиша Трамп на Твитер.

“Нашиот најголем проблем не се нашите конкуренти, туку Федералните резерви!”, истакна Трамп.

Американскиот претседател ги пофали резултатите постигнати на пазарите на капитал откако е избран за претседател, но инсистирал на тоа дека можеа да бидат “уште подобри” ако FED постапел поинаку.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП