19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЌе сноси одговорност: Генералниот директор на BMW поднесе оставка

Ќе сноси одговорност: Генералниот директор на BMW поднесе оставка

Генералниот директор на BMW Харалд Кригер поднел оставка, соопштија од германскиот производител на автомобили.

Тие објавија дека одборот на директори на компанијата подоцна овој месец ќе го разгледаат прашањето за негов наследник.

Американската агенција AP вели дека оваа вест доаѓа откако BMW во првиот квартал во автомобилскиот бизнис ја забележал првата загуба во последната деценијата поради казна од 1,4 милијарди евра (1,6 милијарди долари) во една постапка на антимонополските власти, како и поради големите почетни трошоци за нови технологии.

Според соопштението на компанијата, Кригер во оставката навел дека би сакал да се посвети на “нови професионални вложувања”.

Договорот на Кригер требаше да истече во 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП