17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемиот авион во светот за лет од 40 минути

Најголемиот авион во светот за лет од 40 минути

За 340 километри оддалеченост помеѓу два града, авиокомпанијата од Обединетите Арапски Емирати го ангажирала најголемиот авион во светот.

Една од најголемите авиокомпании, Emirates, воведе секојдневен лет кој ги поврзува Дубаи и главниот град на Оман, Мускат.

Веста не би била невообичаена да не се работи за фактот дека за 340 километри растојание помеѓу двата града, Emirates го ангажирале најголемиот авион во светот, Airbus А380.

Летот трае околу 40 минути, односно, и како што истакнуваат од Emirates, околу пет минути е подолго од времето потребно за тим од 42 лица да го исчистат А380.

Emirates ги спојува Дубаи и Мускат повеќе од 26 години, а досега се превезени повеќе од 4,7 милиони патници на таа релација. Покрај тоа, во периодот од 2008 година биле транспортирани и над 150.000 тони товар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП