19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСо еден клик до сите вести на едно место

Со еден клик до сите вести на едно место

novini

Новини.мк е агрегатор на вести со модерен дизајн кој ги спојува читателите од веб просторот со медиумите кои се извор на информации. Читателите добиваат место каде што ќе можат да ги проверат, брзо и лесно, сите најнови и најактуелни информации од нивните омилени медиуми, додека медиумите добиваат зголемен број на посетители кои ќе ја отворат нивната страна преку линковите на Новини.мк.

Од официјалното пуштање на агрегаторот, во Мај 2013, бројот на посетители е во константен пораст и веќе се наоѓа меѓу најуспешните 50 веб страни од Македонија на Alexa ранг листата што претставува голем успех за толку краток период.

Како работи Новини.мк ?

Новини.мк ги собира вестите од македонските медиуми и ги класифицира според темата на веста. Целиот процес се одвива автоматски, без никаква човечка интервенција, што значи автоматски се одредуваат топ теми за сите категории. Новини.мк постои за да им го олесни читањето на вестите на корисниците, што исто така и заштедува многу време.

Останати сервиси на Новини.мк
  • New York Times Архива

    Архива со автентични статии од New York Times од 1851 година до 1922 година во кои се споменуваат термините Macedonia или Macedonians.

  • Поважни телефони

    Листа со сите поважни телефонски броеви

  • Берза

    Проверете каква е состојбата на македонската берза и како се движат акциите на најпознатите македонски компании

  • Додатоци за веб страни

    Додатоци за вашата веб страна со најактуелните теми од Македонија, филтрирани според вашата омилена категорија, додакот Берза со моменталната состојба на македонската берза, додаток за временска прогноза или пак додаток со курсна листа.

  • Курсна листа

    Проверете ја најновата вредност на денарот во однос на странските валути

  • Сервис за проверка на правопис

    Овој сервис е сеуште во бета верзија но е доволно функционален за да може да го користите. Сервисот се состои од конвертор на латинично во кирилично писмо како и со систем за проверка на правописни грешки кој ќе ви даде сугестии за погрешно напишаните зборови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП