27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина бара укинување на американските царини

Кина бара укинување на американските царини

Кина објави дека нема да потпише никаков трговски договор со САД ако во него не биде вклучено целосно укинувањето на царините за кинеската стока кои ги воведе владата на претседателот Доналд Трамп.

Претставниците на двете најголеми светски економии “одржуваат постојано комуникација”, изјавил за новинарите портпаролот на кинеското министерство за трговија Гао Фенг.

Претседателите на двете земји, Доналд Трамп и Си Џипинг, во саботата се договориле за прекин на трговската војна, за време на самитот на Г20 во Осака и повторно продолжување на преговорите.

“Едностраното американско воведување на царини на кинескиот извоз во САД е почетна точка за трговски недоразбирања. Ако се постигне договор, тие царини мораат да бидат целосно укинати”, изјавил Гао.

САД и Кина од минатата година влегоа во непредвидлива трговска војна и меѓусебно наметнаа царини.

Владата на Трамп воведе царини од 25 проценти на 250 милијарди американски долари увоз од Кина.

Претседателот на САД за време на состанокот во Осака ветил дека нема да воведе нови царини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП