2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVW вложува 3.6 милијарди во фабриката во Волфсбург

VW вложува 3.6 милијарди во фабриката во Волфсбург

vw-wolfsburg-428694332904166297

Компанијата „VW “ најави дека планира да инвестира 3.6 милијарди евра до 2015-та година во производните погони кои се наоѓаат во седиштето на оваа компанија во Волфсбург. Овој иснос ќе биде дел од 50.2 милијарди вредниот инвестициски план кој автомобилскиот гигант го најави минатата година.

Парите ќе се користат за нови фабрики, возила и технологии и тоа се со цел за глобална експанзија на компанијата. Главната цел на германскиот производител е да го заземе првото место како најголем производител на возила во авто-индустријата до 2018-та година.

„VW“ веќе е производител број еден во Кина и минатата година оваа компанија најави дека во регионот на Кина ќе потроши 9.8 милијарди евра за нови производи и производни капацитети до 2015-та година. Во „VW“ предвидуваат дека до 2018-та година нивниот производен капацитет во Кина ќе достигне 4 милиони единици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП