10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските компании го скратуваат работното време наместо откази

Германските компании го скратуваат работното време наместо откази

Германската индустрија не се откажува, па компаниите планираат да го намалат работното време за да избегнат масовни отпуштања.

Според првичните проценки, во наредните три месеци, 8,5 проценти од 2.000 анкетирани индустриски фирми ќе го скратат работното време, што е највисок процент од овој вид од почетокот на 2013 година.

Економскиот институт IFO наведува дека 3,8 проценти од германските компании веќе ја користат таа мерка.

Многу компании веќе ги користеле таканаречените “kurzarbeit” за време на рецесијата во 2008 и 2009 година.

За време на тој период на ниско искористување на производниот капацитет, компаниите барале од владата на работниците да им се исплати надоместок за намалени плати со цел да се зачуваат работните места.

Германската индустрија забележа пад на работните активности од средината на минатата година.

Невработеноста малку опадна во јуни во споредба со мај, покажуваат податоците на Федералната канцеларија за труд.

Истовремено, сезонскиот прилагоден број на невработени бил намален за илјада во однос на мај, а без работа минатиот месец имало 2.281.000 германци.

Стапката на невработеност е пет проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП