13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп ја обвини Кина и Европа за манупулирање со валутите

Трамп ја обвини Кина и Европа за манупулирање со валутите

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ја обвини Европа и Кина дека манипулираат со валутите во нивна корист за да ги стимулираат економиите и подобро да се натпреваруваат со САД.

“Кина и Европа играат голема игра манипулирајќи со валутите со цел да се натпреваруваат со САД”, истакнал Трамп на Твитер и порачал дека САД ќе го направи истото, наместо да “седи како идиот и да гледа како другите земји ги играат нивните мали игри како што тоа го прават со години”.

Трамп на средината на јуни го обвини претседателот на Европската централна банка (ECB), Марио Драги, дека намерно ја намалува вредноста на еврото за европските производи да бидат привлечни за извоз.

Американскиот претседател покрај критиките на сметка на Европа и Кина, со кого започна трговска војна со царините, исто така ја критикувал американската централна банка (FED).

Трамп ја обвини FED што ја зголеми каматната стапка а не ја намали за да ја подржи американската економија.

Првата светска економија, која влезе во најдолгиот период на експанзија во нејзината историја, покажува знаци на забавување во момент на кампањата на Трамп за втор претседателски мандат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП