27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеструктирањето на Deutsche Bank ќе чини околу 5 милијарда евра

Реструктирањето на Deutsche Bank ќе чини околу 5 милијарда евра

Deutsche Bank очекува главните трошоци за реструктуирање да изнесуваат до 5 милијарди евра, изјавил во средата добро информиран извор, објави Business Insider.

Кристијан Севинг, извршен директор на Deutsche Bank, во мај најави големо реструктуирање. Тој им вети на акционерите “тешки кратења”, за инвестициската банка да го заокружи процесот откако не постигнале договор за спојување со ривалот Commerzbank.

Најголемиот германски кредитор планира да намали помеѓу 15.000 и 20.000 работни места, од неговите 91.500 вработени.

Банката соопшти дека работи на мерки за забрзување на трансформацијата со цел да се подобри одржливата профитабилност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП