4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСо лист од праска решете го проблемот отечени нозе!

Со лист од праска решете го проблемот отечени нозе!

Високите температури се непријател на убавите нозе, бидејќи во текот на топлите денови, тие отекуваат. И тоа не е само естетски, туку и здравствен проблем. За да го ублажите, пробајте со природни ”лекови”.

Ви препорачуваме да направите пријатна купка.

Земете 100 грама листови или цветови од праска, ставете ги во сад и прелијте ги со топла вода. Нека отстојат некое време. Кога водата малку ќе се излади, потопете ги нозете во купката. Чувајте ги што е можно подолго, а најдобро би било еден час, за целосно да се опуштите и отокот да се повлече.

Измешајте ја водата од купката со чаша јаболков оцет, натопете подолги памучни чорапи, облечете ги и останете во нив десет минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП