19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИако уште не постои пикапот на Tesla, тој е повеќе баран од...

Иако уште не постои пикапот на Tesla, тој е повеќе баран од ”моќниот” F-150

Иако уште не е претставен, идниот пикап на Tesla, моментално привлекува поголемо внимание на јавноста од владеачката класа Ford F-150.

Порталот AutoWise користи географски податоци од повеќе од 100.000 твитови за да анализира кoj модел привлекува повеќе внимание. Утврдено е дека за пикапот на Tesla “се зборува” во повеќе држави, отколку за моќниот Ford F-150.

Географски гледано, автомобилот кој уште не е претставен е интересен за жителите на Западниот брег, добар дел од Средниот запад и северoистокот на САД, додека F-150 сеуште има доминантна позиција во конзервативните делови, како што се јужните држави.

Многу е важно да се нагласи дека тука се прави паралела помеѓу еден од најуспешните модели на автомобили на сите времиња и возила кои уште не се претставени и за чиј изглед и спецификации сеуште се шпекулира.

Основачот и директорот на Tesla, Илон Маск истакнал дека пикапот е веќе омилен модел и дека очекува да го надмине по продажба пристапниот Model 3.

Плановите на Tesla се да го забрза лансирањето на нејзиниот пикап, големата популарност што го привлече новиот играч на EV пазарот Rivian со неговиот електричен SUV и пикап, ги натера гигантите како Ford и General Motors да вложат огромни количества на пари во развојот на нивните електрични пикапи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП