28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуск: Новите лидери нема да го променат курсот во врска со Брегзит

Туск: Новите лидери нема да го променат курсот во врска со Брегзит

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека е апсолутно сигурен дека новите европски лидери нема да го променат курсот и да направат отстапки во врска со договорот за Брегзит.

Тој изјавил дека е сигурен дека новите лидери на институциите на ЕУ ќе бидат подеднакво доследни како што тоа е моментално случајот: “Апсолутно сум сигурен дека новите лидери на нашите институции ќе бидат подеднакво доследни како и ние денес, кога се работи за договорот со Брегзит и за нашата подготвеност да разговараме за односите со Велика Британија во иднина”.

Туск говореше откако лидерите на ЕУ се согласија во врска со кандидатите кои беа предложени за нови лидери на европските институции, објави AFP.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП