28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочнува казнување на сопствениците на електрични тротинети

Започнува казнување на сопствениците на електрични тротинети

Властите во Лисабон одлучиле да ги казнат сопствениците на електрични тротинети кои ќе бидат затечени на тротоарите во стариот град на португалскиот главен град.

Компаниите кои изнајмуваат електрични тротинети ќе мораат да платат парична казна и до 300 евра ако овие транспортни средства се наоѓаат на тротоарите и другите јавни површини.

Во изминатата година, девет компании го преплавија Лисабон со илјадници електрични тротинети, што е дел од т.н. револуција на микро-мобилност со која корисниците ги користат тротините за кратки патувања низ градот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП