6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААстерикс на монета од 2€

Астерикс на монета од 2€

Создаден во 1959 година од страна на писателот Рене Госини и познатиот цртач Алберто Удерц, Астерикс е фигура која ги претставува французите со нивната интелигенција и острина преку нивниот галски идентитет.

Веќе 60 години тој е вистинска икона на француската култура, а од неодамна неговиот лик се наоѓа на монета од 2 евра.

На лицето на монетата се наоѓа Астерикс во профил и го носи неговиот познат шлем со крилја. Опкружен со ловорики и римски броеви кој се однесуваат на неговиот 60-ти роденден. На врвот е напишано неговото име, а под тоа RF, што ја означува земјата на издавање на монетите – Република Франција.

Вкупно се издадени 310.000 монети од кои некои се колекционерски изданија, специјално обработени и спакувани одделно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП