26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПушењето е исто штетно за очите колку и за белите дробови

Пушењето е исто штетно за очите колку и за белите дробови

Пушачите имаат два пати поголеми шанси да останат без вид од луѓето кои не пушат, бидејќи чадот од тутунот, како и хемикалиите од цигарите може да ги влошат очните болести.

Чадот од цигари содржи токсични хемикалии кои иритираат и можат да ги оштетат очите. На пример, тешките метали, како што се оловото и бакарот, можат да се наталожат во очната леќа и да доведат до катаракта.

Пушењето, исто така, ги влошува проблемите поврзани со дијабетесот, оштетувајќи ги крвните садови во мрежницата.

Поради ова, пушачите имаат три пати поголеми шанси да развијат макуларна дегенерација – состојба која влијае на централниот вид и која може да доведе до слепило.

Покрај тоа, имаат 16 пати поголеми шанси за ненадејно губење на видот поради оптичка невропатија – кога се блокираат крвните садови кои го хранат окото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП