28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАко страдате од алергии, ''бегајте'' од вентилатор

Ако страдате од алергии, ”бегајте” од вентилатор

Ако овие денови се разладувате со вентилатор, би требало да знаете дека користењето на овoj уред ја влошува алергијата.

Вентилаторите не се идеални за оние со астма, предупредува Марк Редик.

“На некои луѓе вентилаторите им помагаат да се изладат и да се наспијат, а други ги држи будни, предизвикувајќи им напади на астма и доведувајќи до суви очи”.

“Како вентилаторот го поместува воздухот во просторијата, поголеми се шансите честичките од прашина и полен да дојдат до вашите синуси. Ако сте склони кон алергии, тоа може да ве турне во неволја”.

Сепак, решението не е во тоа да се “варите”, па затоа е важно да го чистите вентилаторот редовно.

“Прашина на вентилаторот се собира, и се разнесува по целата просторија кога ќе го вклучите, па затоа е важно редовно да го бришете”.

Кај оние кои имаат чувствителни очи, вентилаторот може да биде причина за суви очи, а проблеми може да се појават и кај оние кои носат леќи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП