30 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧленките на OPEC постигнаа договор за продолжување на намалување на производството на...

Членките на OPEC постигнаа договор за продолжување на намалување на производството на нафта

Членките на Организациите на земјите извозници на нафта (OPEC) се договорија за продолжување на договорите за намалување на производството на нафта до март 2020 година.

Тој потег веројатно ќе предизвика гнев кај американскиот претседател Доналд Трамп, кој од Саудиска Арабија, лидерите на OPEK, побара да обезбедат повеќе нафта и да помогнат во намалувањето на цените.

По состанокот на членовите на OPEC следат утрешни разговори со Русија и другите сојузници, односно група позната како ОPЕC+. Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека се договорил со Саудиска Арабија за продолжување на постојното намалување на производството од 1,2 милиони барел дневно или 1,2 проценти на глобалната побарувачка за период од шест до девет месеци, односно до декември 2019 или март 2020 година.

Цената на северноморската нафта брент од почетокот на годината се зголеми за повеќе од 25 проценти откако Белата куќа ги заостри санкциите на членките на OPEC, Венецуела и Иран, што го намали извозот на нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП