28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД и се заканува на ЕУ со нови царини од четири милијарди...

САД и се заканува на ЕУ со нови царини од четири милијарди долари

Соединетите Американски Држави би можеле да ги погодат производите на Европската унија со четири милијарди долари (3,5 милијарди евра) царина, се вели во соопштението објавено во понеделникот.

“Канцеларијата на американското трговско претставништво издаде дополнителна листа на производи кои потенцијално би можеле да бидат предмет на дополнителни царини”, наведено е од таа институција.

Меѓу погодените производи се колбаси, шунка, тестенини, маслинки и многу европски сирења, како што е пармезан, проволоне, едамер и гауда.

Новите царини би биле мерка на одмазда поради спорот со ЕУ за “субвенциите за големите цивилни авиони”, што беше потврдено во соопштението за јавноста.

САД и ЕУ повеќе од една деценија се во меѓусебна закана за царините на авионите, тракторите и храната, но тоа значително е засилено од администрацијата на Доналд Трамп, објави DW.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП