3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов рекорд на индексот S&P 500

Нов рекорд на индексот S&P 500

Американските берзански индекси денес се зголемија, по договорот на САД и Кина да се воздржат од воведување на дополнителни тарифи за нивните производи и продолжување на трговските разговори.

Поширокиот индекс S&P 500 се зголеми за 1,0 проценти на историски максимум, со што го проби претходниот рекорд од 2,964 поени, објави CNBC.

Индустрискиот индекс Dow Jones се зголеми за 247 поени или 0,9 проценти, благодарение на скокот на акциите на Intel и Apple, додека технолошки Nasdaq скокна за 1,7 проценти.

Акциите на производителите на чипови драстично се зголемија, при што акциите на Skyworks Solutions скокнаа за 7,1 проценти, а Micron за 6,6 проценти.

Акциите на Qualcomm и Broadcom се зголемилиja за 3,3 проценти и 5,6 проценти, соодветно.

“Се чини дека пазарите се задоволни од кооперативниот тон кој произлезе од состаноците”, истакна Дан Деминг, извршен директор на KKM Financial.

Американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг се согласија на маргините на самитот на Г20 во Осака дека нема да воведат нови тарифи за американските и кинеските производи.

Британскиот јавен сервис BBC пренесува дека цената на златото, која често се смета за сигурно засолниште во време на неизвесност, се намалила за два проценти на 1.382 долари за унца, што е највисок пад од јуни 2018 година.

Како причина за таков пад набљудувачите на пазарот го цитираат оптимизмот во врска со потенцијалниот трговски договор помеѓу САД и Кина, што предизвикало и скок на акциите на европските берзи.

Во Европа, и британскиот индекс FTSE 100 и германскиот индекс DAX се зголемија за 1,3 проценти, објави BBC.

“Златото има тенденција да напредува во време на загриженост поради економскиот раст, нестабилноста на пазарот или кога пазарите веруваат дека ја губат контролата на настаните”, изјавил Рас Молд, инвестициски директор на брокерската куќа AJ Bell.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП