20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавени новите цени на роаминг-услугите

Објавени новите цени на роаминг-услугите

Граѓаните на Северна Македонија од денеска при секое патување во земјите од регионот, односно во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора ќе можат да користат интернет, да испраќаат СМС-пораки, да добиваат повици и примаат повици за цени пониски дури и до 99 отсто, најави министерот за информатичко општество и администрција, Дамјан Манчевски.

Тој информира дека граѓаните на Северна Македонија од денес ќе можат да вршат повици кон земјите од Западен Балкан по цена од 5,05 денари по минута (со ДДВ), а досегашната цена во просек беше 75,4 денари, ќе можат да примаат повици во која било од земјите од Западен Балкан по цена од 2,9 денари по минута (со ДДВ), а досегашната цена во просек беше 30,2 денари.

Исто така, ќе можат да праќаат СМС-пораки од која било од земјите од Западен Балкан по цена од 2,6 денари (со ДДВ), а досегашната цена во просек беше 16,1 денар и ќе можат да користат интернет во земјите од Западен Балкан по цена од 1,9 денари (со ДДВ).

Цените се линеарни, односно важат за сите земји и за кој било оператор.

Намалувањето на цените изразено во проценти значи: за Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора: 68% за појдовни повици,

31% за дојдовни повици, 71% за СМС и 89% за користење на интернет.

Процентуалното намалување за сите услуги во Албанија и Косово е над 93%.

Намалувањето на цените на услугите во роаминг, произлезе како заклучок од првиот дигитален самит што се одржа во Скопје, по што следуваше потпишувањето договор помеѓу сите 6 држави на самитот во Белград.

Манчевски најави дека се планира од 1 јули 2021 година корисниците воопшто да не плаќаат за користење на роаминг-услугите во шесте земји на Западен Балкан. Тогаш во сила ќе стапи целосно „Роаминг како дома“, по примерот на земјите од Европската Унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП