29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора: Расте БДП, но и невработеноста

Црна Гора: Расте БДП, но и невработеноста

crnagora1

Економската активност во Грна Гора во првиот квартал од оваа година се зголеми за 4,3 проценти во однос на истиот период од минатата година, покажуваат прелиминарните податоци од „Монстат“.

Црногорскиот бруто домашен производ (БДП) на крајот на март изнесуваше 675 милиони евра, што е за 46,6 милиони евра повеќе од истиот период минатата година.

Економијата на Црна Гора во четвртиот квартал минатата година падна во рецесија, со што забележи пад од 0,3 проценти во два последователни квартали.

Владата за оваа година проектираше раст на економската активност од 2,5 проценти, додека предвидувањата на Светската банка се 0,8 проценти раст.

Последните податоци на „Монстат“ укажуваат и на зголемување на стапката на невработеност, на 21,5 проценти (53,600 лица) во првиот квартал од оваа година, што е пораст од 4,5 проценти во однос на претходниот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП