29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНикогаш не им кажувајте на луѓето како нешто да направат...

Никогаш не им кажувајте на луѓето како нешто да направат…

Најчесто тоа може да биде контрапродуктивно.

Веројатно веќе досега забележавте дека на луѓето не вреди да им кажувате како нешто да направат. Пред се, зошто мал број луѓе сакаат да ги слушаат советите на другите, најчесто продолжуваат да “туркаат по нивното”. Зошто е тоа така, прашањето е за поширока и подлабока анализа.

Меѓутоа, ако ги погледнеме работите од друг агол – овој факт воопшто не мора да биде лош.

“Никогаш не им кажувајте на луѓето како нешто да направат. Кажете им што треба да направат и ќе бидете изненадени од нивната генијалност”.

Ова мислење било на Џорџ Патон (1885-1945), американски генерал од Втората светска војна, кој добил статус на еден од најпознатите воени команданти од тој период.

Можеби вреди да го послушате Џорџ Патон овој понеделник и да пробате со неговиот пристап кон луѓето. Тестирајте го овој пристап и видете дали ќе ви даде подобри резултати од досегашните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП