5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва е државата со најмалку невработени во ЕУ

Ова е државата со најмалку невработени во ЕУ

Стапката на невработеност во еврозоната (EZ19) во април 2019 година изнесувала 7,6 проценти и е намалена од 7,7 проценти во март 2019 година и во однос на 8,4 проценти во април 2018 година. Ова е најниска забележана стапка во еврозоната од август 2008 година.

Ова е и понатаму најниска забележана стапка на невработеност за ЕУ ​​од почетокот на изработката на месечните извештаи на ЕУ за невработеност во јануари 2000 година, објави Eurostat, Статистички институт на Европската унија.

Меѓу државите членки, во април 2019 година, најниските стапки на невработеност се забележани во Чешка (2.1 проценти), во Германија (3.2 проценти) и во Холандија (3.3 проценти).

Најголеми стапки на невработеност биле во Грција (18,5 проценти во февруари 2019 година), Шпанија (13,8 проценти) и Италија (10,2 проценти).

Во споредба со претходната година, стапката на невработеност е намалена кај сите земји членки, освен во Луксембург и Полска, каде што останала стабилна, додека пораснала во Данска (од 5,2 проценти на 5,3 проценти).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП