19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНападна шминка, ладни базени, намалени пици... Тоа е криза!

Нападна шминка, ладни базени, намалени пици… Тоа е криза!

pica

Последиците од рецесијата со која се соочуваат голем број земји, вклучувајќи ги и оние во Европската унија, не се чувствуваат само на пазарот на трудот и во вашата шопинг количка.

Една Европска студија покажала дека кризата има и некои неочекувани последици. Во Франција на пример, пиците станале помали. За една година, дијаметарот на средната пица се намалил од 32 на 31,3 сантиметри, додека цената се зголемила од 9,7 евра во 2012 година на 10,4 евра во 2013-та. Купувачот добива, во просек, 4,3 отсто помала пица, а плаќаат 70 центи повеќе.

Во Милуз, во северниот дел на Франција, водата во сите базени во градот оваа година ќе биде за еден степен постудена. Оваа чудна одлука ќе овозможи да заштедат 240.000 евра.

Во следните две години, француската влада ќе ги намали субвенциите за општините за 3.5 милијарди евра. Со цел да се подготват однапред за овој “удар”, властите на Милуз решија да ја зголемат цената на билетите во зоолошката градина и да го намалат буџетот за јавен превоз за 500 илјади евра.

Во Грција, една од најтешко погодените земји од кризата од земјите од ЕУ, изминатава зима беше прилично ладна, а цената на суровата нафта е двојно зголемена во однос на 2012 година.

Соочени со недостаток на енергија, некои не се двоумеле да ги пресечат дури и од легендарните дрва со маслинки под кои Платон ја изучувал филозофијата пред 2400 години, за да направат од нив дрво за огрев.

Во Шпанија, победниците на локалната верзија на квизот “Мозаик” не ја добиле паричната награда (од 400 до 8.000 евра), што им припаѓа од јуни 2011-та година. Продуцентската куќа се соочува со сериозни финансиски проблеми, и истата банкротираше во почетокот на мај.

Квизот е заменет со емисијата “Salvados”, со вести и извештаи од економската криза, која е една од најгледаните на шпанската телевизија.

Истражувањето укажало и на постоење на “кармин ефект”. Всушност во време на криза, без разлика дали е 1930 година или во 2013 година, забележано е дека жените се шминкаат понападно. И додека компаниите отпуштаат работници и го стегаат ременот, компаниите за производство на козметика бележат пораст на производството и приходите.

Претходно се сметаше дека жените користат посилна шминка за да ги отфрлат темни мисли, но една неодамнешна студија објавена во едно списание, открила дека во време на криза тие ставале поцрвен кармин за да привлечат побогати мажи и да си ја подобран нивната финансиска состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП