18 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИКинеската банка ICBC најдобра во светот

Кинеската банка ICBC најдобра во светот

icbc1

Индустриската и комерцијална банка на Кина „ICBC“ за прв пат се најде на листата од 1.000 најдобри банки во светот, која ја составува магазинот „Банкар“.

„ICBC“ напредуваше од тетото место и го надмина минатогодишниот лидер „Bank of America“. Второто место го задржа банката „JP Morgan“.

Британскиот банкарски сектори како целина ја завзема десетата позиција, зад Франција, Бразил и Русија, што претставува голем пад, бидејќи во 2008 година се наоѓаше на второто место.

„ICBC“ напредуваше на врвот на листата, бидејќи го зголеми капиталот за 15 проценти, на 160,6 милијарди долари.

Единствена британска банка меѓу првите десет е „HSBC“, со капитал од 151 милијарда долари. Таа, поголем дел од приходите остварува во Азија.

Кина сега има 96 банки меѓу 1.000 најдобри банки во светот и зафаќа четири позиции меѓу првите десет.

Нејзинитe четири банки „ICBC“, „CCB“, „Банката на Кина“и „Земјоделската банка на Кина“, остваруваат најголем профит. „ICBC“ во 2012 година ги зголеми приходите за 14 проценти, на 49,1 милијарди долари, пренесува агенцијата Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП