24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПовторно проблеми: Boeing 737 MAX има нов ''потенцијален ризик''

Повторно проблеми: Boeing 737 MAX има нов ”потенцијален ризик”

Американската Федерална администрација за воздухопловство (FAA) објави дека за време на симулациите открила нешто што претставува “потенцијален ризик” за Boeing 737 MAX.

Деталите за тоа сè уште не се објавени. Да ​​потсетиме, најдобро продаваниот авион на Boeing беше приземјен во март по двете катастрофални несреќи.

Компанијата го надградува софтверот на авионите против губење на брзината која е во фокусот на истражување за несреќите.

Минатиот месец FAA објави дека може да ги одобри промените на Boeing авионот 737 Max до крајот на јуни, а тоа би значело дека пробните летови може да започнат на почетокот од јули. Во почетокот постоела надеж дека флотата авиони 737 Max ќе се врати во текот на летото, но тој рок e поместен дури и пред најновите информации за потенцијалниот ризик.

Reuters известува дека за време на симулацијата e активиран систем за спречување на губење на брзината и дека би требало подолго од очекуваното да се воспостави контрола. Други извори тврдат дека проблемот е поврзан со авионскиот компјутер, односно процесор кој наводно нема доволен капацитет.

Boenig соопшти дека работи на враќање на авионот во функција, и верува дека надградбата на софтверот ќе го реши проблемот, но FAA ќе провери дали станува збор за хардверски проблем. Ако FAA биде незадоволна од софтверот, може ќе биде неопходно да се замени микропроцесорот, а тоа значи дека авионот ќе остане приземјен со месеци.

Авионот на Ethiopian Airlines падна во март, а пет месеци претходно истиот модел на авион во сопственост на Lion Air заврши во морето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП