2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсцрпени финансиите на Град Скопје за субвенции на електрични тротинети

Исцрпени финансиите на Град Скопје за субвенции на електрични тротинети

Град Скопје ги информира граѓаните дека се исцрпени средствата предвидени за субвенции за купување електротротинети, поточно дека денеска заклучно со 12 часот се пристигнати речиси 200 барања.

„Со ова условот за завршување на јавниот повик е исполнет, а барањата на граѓаните за субвенции за електротротинети вработените во архивата на Град Скопје нема да ги примаат“, се наведува во соопштението.

Со јавниот повик за субвенции за купување електрични тротинети скопјани имаа можност да набават електротротинети, кои Градот ги субвенционира во висина од 30 отсто од нивната вредност, но не повеќе од 7.000 денари, со вклучен персонален данок на доход.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП