3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: Европа се однесува полошо према нас отколку со Кина

Трамп: Европа се однесува полошо према нас отколку со Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп остро ја критикуваше Европа во очи на самитот Г20 во Јапонија, велејќи дека таа према САД се однесува полошо отколку према Кина.

“Европските нации се поставени да го искористат САД. Имајќи полоши препреки за трговијата од Кина”, изјави Трамп.

Како што се наведува, се очекува средбата на Трамп и претседателот на Кина Си Џинпинг да биде главен настан на Самитот Г20.

Трамп покажал поголема желба за подобрување на односите со официјален Пекинг отколку со Брисел.

Иако Трамп претходно го опиша претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер како “фантастичен човек и бизнисмен”, еден од клучните членови на неговиот тим Маргарет Вестагер го критикуваше.

“Има една жена во Европа, не сакам да и го споменувам името, всушност, таа треба да го земе местото на Жан-Клод… Таа го мрази САД, можеби повеќе од било која личност што некогаш сум ја запознал. Тоа што таа го прави за нашата земја… Таа ги тужи сите наши компании”, изјави Трамп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП